Најголемите грешки при избор на долна облека

Грешки што му штета на здравјето

Долната облека е незаменлив дел од нашата облека, без разлика што не се гледа. Таа игра многу поголема улога за здравјето отколку што мислиме. Затоа и изборот на долна облека е од огромно значење.

Кои се најчестите грешки кои ги дозволуваме во изборот на долна облека, кои му штетат на здравјето?

Грешка №1 – премногу тесна долна облека

Премногу тесната долна облека може да предизвика триење и иритација на кожата и слузокожата на гениталиите. Многу жени ја преферираат стегнатата долна облека, за да ги затегаат проблематичниете зони, кои сакаат да ги прикријат.
Постојаното триење не е препорачливо, бидејќи тоа е предуслов за размножување на бактерии и појава на инфекции.

Грешка №2 – носењето на танга

Облечете танга само во одредени и најчесто задолжителни случаи – кога носите облека која апсолутно го наметнува прикривањето на долна облека.
Секојдневното носење танга сепак исто крие ризик од сериозни инфекции, најчесто предизвикани од фекални бактерии, пренесени од анусот кон вагината. Танга гаќичките се исклучително лесен начин за пренос на овие бактерии кон вагината.
Ширењето на ешерихија коли од анусот се случува преку лизгање, испровоцирано од движењата на телото.

Грешка №3 – влажна и испотена долна облека

Може да ви се чини лудо, но ако навистина сакате да го задржите здравјето на вагината, треба да носите со себе резервен пар долна облека, за да можете да го смените навлажнетиот или испотен пар веднаш штом се наметне тоа.
Задржувањето на влага во интимната област создава средина за развој на инфекции. Ако врз долната облека носите и најлон хулахопки, сликата е дополнително искомплицирана, бидејќи најлонот дополнително ја запурува кожата.

Грешка №4 – не носите долна облека

Мислите дека бидејќи е здраво да се носи долна облека во која се “дише”, значи одењето без долна облека е најдобро? Огромна грешка!
Кога не се брани со долна вагината од милијардите бактерии кои би можеле да влезат од валканите алишта, се подложува на сериозен ризик здравјето.

Грешка №5 – носењето на синтетички ткаенини и свила

Чипканите и сатенски бикини може и да се секси, но овие материјали не се препорачуваат што се однесува до гаќите.
Памукот е најсоодветната ткаенина за здрава долна облека, кој нема да ја запарува интимната област и нема да создава предуслови за појава на инфекции и осип на кожата.

Грешка №6 – Обликувачка долна облека

Ја споменавме штетата од еластичната долна облека, нема како да не ги истакнеме и опасностите кои обликувачката долна облека ги крие.
Затегнувачјата долна облека е направена од еластични материјали, претежно синтетички, кои не го дозволуваат природното проветрување на кожата и слузокожата на гениталиите.
Експертите се категорични дека таа долна дури може да предизвика пецкање и вкочанетост на долните екстремитети поради притискање на нервите, инервирајќи ја мускулатурата на долните екстремитети и карлицата.

Грешка №7 – не користите антибактериски сапун

Ако чувствувате чешање и непријатност во интимната област, тој може да се должи токму на лошото средство што го користите.
Препорачани е употребата на антибактериски сапун со неутрална pH што ќе ја задржи флората на вагината во нормала, а и ќе ве заштити од појава на инфекции.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.