Повеќе нема да мора да трошите пари за разни хемиски средства против комарци. Доколку не сакате да користите разни хемиски средства кои ги бркаат комарците, овој природен препарат сигурно ќе ви помогне.
Исушениот талог од кафе ефикасен е како пилинг за кожата на телото, но исто така и за заштита од комарците.
Талогот од кафе кој согорува ефикасно ќе ги избрка овие здодевни инсекти.
Пред сè, ќе мора да го соберете талогот од кафе и да го ставите на алуминиумска фолија на чинија. Кога целосно ќе се исуши запалете го талогот сè додека не почне да испушта чад.
Талогот полека ќе гори, а чадот кој ќе го испушта ќе ги брка здодевните комарци.
За кафето велат дека е ефикасно и против мравки, а исто така експертите велат дека наместо таблетите кои се користат во апаратчето против овие инсекти, внатре може да ставите лаворов лист кој ефикасно ќе делува против овие штетници.