На Инфективна со морбили лежат и осуммесечни бебиња – Заразата се шири и во други градови

Бебиња кои не подлежат на вакцинација се дел од новите случаи на морбили кои синоќа завршиле на Инфективна. Од деветте новорегистирани, 6 биле хоспитализирани а тројца ги третирале амбулантски. Инфектолозите велат дека најголем број се со копмликации на белите дробови и кај дел од нив доколку дојде до влошување на состојбата може да завршат и на апарати за дишење. Освен во Скопје малите спианици се проширија и во внатрешноста. Регистрирани се првите случаи во Велес и Гевгелија. Поради новиот бран на заболени денеска Клиниката за инфективни болести ја посети министерот за здравство.

-Разговарав со менаџментот дали и има ли потреба од дополнителни места за сместување на новозаболените. За жал тоа на што апелиравме цело време и се случи и имале заболено со морбили и деца кои поради други заболувања не можат да бидат вакцинирани со МРП, вели Венко Филипче, министер за здравство.

Од Инфективна велат дека е подобрена здравствената состојба на двете деца, едното со церебрална парализа а другото со астма кои биле заразени со морбили. За да ги заштитат ваквите пациенти надлежните забранија посети во сите клиники и болници а на родителите им препорачаа болните  дечиња прво да ги носат во педијатриските пунктови во Скопје.

-Имаме многу пациенти со вируси, но засега немавме со морбили. Секако треба да ги носат прво во пунктовите бидејќи имаме лабораторија за веднаш да биде направена крвна слика, вели др. Илбер Сејфедини од дежурниот педијатриски пункт во Јане Сандански.

За еден месец  МРП вакцина примиле над 4300 деца. Во градинките не примаат невакцинирани деца а надлежните велат тоа ќе продолжи и по завршувањето на епидемијата.

-Не нема да примаат, поради тоа што досега било така затоа и ни се случи ова, значи, и по завршувањето на епидемијата која се надевам ќе биде со помал број на случаи, нема да има прием во градинка на невакцинирани, вели Филипче.

Од појавата на првите случаи во Радишани досега со морбили се регистрирани 97 заболени. На Инфективна во моментот има 24 со мали сипаници.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.