Отоците во рацете, нозете или другите делови од телото најчесто се симптоми на хронични болести. Луѓето најчесто се жалат на отекување на нозете, односно на стапалата, зглобовите и колената што најчесто се предизвикани од летните месеци. Но, понекогаш, тие можат да бидат симптом и за нешто поопасно.
Токму затоа, дури и да се случува ретко, добро е да бидете прегледани од страна на медицинско лице. Во меѓувреме, погледнете ги останатите причини поради кои можете да имате отоци во нозете…
- Кардиолошки заболувања меѓу кои најчесто се наоѓаат срцева слабост, кардиомиопатија и последица од преживеан срцев удар.
- Бубрежни заболувања, како нарушување на бубрежните функции. Во тој случај или се создаваат и задржуваат повеќе течности или се губат белковините преку бубрезите.
- Проширени вени.
- Нарушувања на лимфната дренажа, односно на лимфната течност што се насобира во ткивата поради отсуство на лимфни клетки, проблеми со лимфните клетки или отстранување на лимфните јазли.
- Заболувања на тироидната жлезда, пред сè хипотиреоза.
- Отоците кај жените можат да се јават и во склоп со ПМС, најчесто поради дисбаланс на естрогенот и прогестеронот.
- Повредите на стапалата или глуждовите можат да доведат до отоци. Доволна е дури и мала повреда или лош чекор за да се предизвика абнормално истегнување на лигаментите.
- Отоците на стапалата и глуждовите можат да бидат и знак за инфекција. Луѓето со дијабетесна невропатија или други нервни проблеми често се на зголемен ризик од инфекција на стапалата.