Моќен природен енергетски пијалок за детоксикација

Придобивките од лимонот за нашето здравје се бројни. Ова овошје е богато со витамин Ц и агруми кои ја подмладуваат кожата, и го чуваат нашето здравје.

Од друга страна, чиа семето ја враќа енергијата на телото и го подобрува имунитетот. Тоа е богато со омега 3 масни киселини, а исто така не содржи ниту трага глутен.

Комбинацијата на лимон и чиа семе важи за сосема природен енергетски пијалак, кој во исто време ќе ви помогне да се ослободите од насобраните отрови во телото.

Потребни ви се:

Една шолја вода
Еден исцеден лимон
Една лажичка јаворов сируп
Една лажичка чиа семе

Сите состојки треба да ги измешате и да оставите да отстојат најмалку 10 минути, а може и подолго, околу еден до два часа. Потоа, уживајте во природниот енергетски пијалак.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.