Млада девојка заразена со морбили се бори за живот на Инфективна
Млада пациентка заразена со морбили се бори за живот и е на апарати за дишење на Инфективна. Во тешка состојба се уште тројца заболени, информираа од министерството за здарвство. Вчера на Клиниката лекарска помош побарале 8 лица, а 5 од нив поради компликации биле хоспитализирани. Во моментот во установата на болничко лекување имаат 35 пациенти. Епидемиполозите предупредија дека малите сипаници и понатаму ќе се шират бидејќи во земјава сеуште има над 22.000 невакцинирани деца до 14 години.