Петтминутното вдишување на мирисот на етерично масло од ова лековито растение го намалува нивото на кортизол – хормонот на стрес, за дури 24 проценти. Инхалацијата на мирисот на лаванда ги забрзува и ги исфрла слободните радикали од телото.
Моќната лаванда може да направи многу и затоа секогаш треба да ја имате со себе, велат ароматерапевтите. Петтминутното вдишување на етерично масло од ова лековито растение го намалува нивото на кортизол – хормонот на стрес, за дури 24 проценти. Ова сознание е од најголема важност, ако е познато дека кортизолот предизвикува зголемување на крвниот притисок и намалување на имунитетот.
Вдишувањето на мирисот на масло од лаванда го забрзува ослободувањето на слободните радикали од телото, за кои се смета дека го забрзуваат процесот на стареење. Освен тоа, маслото дејствува стимулативно и на работата, а просторот во кој седиме станува свеж и пријатен. Разредено масло од лаванда помага при воспаление на грлото и настинка. Лекот за оваа намена се добива така што капка од маслото се става во чаша млака вода и се прави гаргара.