Фасцијалната масажа е одличен начин за одлободување од стрес, тензија и замор. Истата прави да се чувствувате релаксирано и одморено, поради фактот што стимулира циркулација на крвта, а со тоа ја намалува и појавата на брчки. Лицето ќе Ви изгледа посвежо, а вие ќе се чувствувате многу подобро.
Пред да започнете, земете еден пешкир и натопете го во топла вода. Исцедете го вишокот вода и ставете го пешкирот врз вашето лице. Топлиот пешкир ќе му помогне на вашето лице да се опушти и да омекне. Држете го пешкирот врз лицето, сè додека не се олади.
Со врвовите од прстите на двете раце земете малку хидратантна крема за лице и нанесете рамномерно секаде.
Со помош на прстите од двете раце, започнете ја масажата од средината на челото, кон слепоочниците, постепено зголемувајќи го притисокот. Повторете го движењето неколку пати, додека не почувствувате дека мускулите ви се опуштени.
Застанете кај слепоочниците и нежно масирајте ги со кружно движење, во правец на стрелките на часовникот, па обратно. Нежно зголемувајте го и намалувајте го притисокот со кој масирате. Ова е одличен начин да ги намалите главоболките и стресот.
Од слепоочниците, продолжете го движењето кон двете страни на лицето, па сè до брадата. Нежно штипкајте ја брадата и масирајте ја со кружни движења со помош на вашите прсти.
Продолжете со масирање на линијата на краевите од лицето, од слепоочниците до брадата, а потоа сменете го правецот од брадата кон слепоочниците.
Раширете ги прстите од двете раце и започнете темелно да го масирате скалпот. Менувајте го притисокот на прстите, додека ги движите рацете во кружно движење.
Завршете ја масажата, масирајќи го задниот дел од главата, кај тилот.