Луѓето се вртат кон Фејсбук и Твитер за здравствени совети
Голем број на луѓето во светот се потпираат на веб-сајтови како што се Фејсбук, Твитер и Јутјуб за да си помогнат со медицински и здравствени проблеми.
PricewaterhouseCoopers во својата анкета покажа дека една третина ги користат социјалните медиуми да најдат медицински информации, истражувања и симптоми, и ги нудат своите мислења за лекари, лекови, третмани, како и најразлични совети.
Една четвртина од анкетираните изјавиле дека ги следат коментарите по социјалните медиуми за третмани и лекарите, а еден од тројца пребаруваат информации за медицински болести поврзани со други патенти. Понатаму, еден од четири пишуваат за своите медицински искуства, а 20% се дел од форуми за здравје и убавина.
Потребата за потрошувачите да се свртат кон социјалните медиуми за информации на здравствена заштита не е изненадувачки. Како што лекарите се принудени да трошат помалку време со своите пациенти, луѓе природно гравитираат кон други извори за помош. Но, за да се остане во чекор со своите пациенти, давателите на здравствени услуги, исто така треба да се вклучат во социјалните медиуми, се вели во извештајот.