Луѓето различно закрепнуваат по заболување од Ковид-19, на некои пациенти им е потребно и по неколку месеци

Научниците од Универзитетот Џон Хопкинс направија истражување за тоа колку време е потребно пациентите кои биле зазразени со Ковид-19 да се опорават, односно целосно да закрепнат по болеста.

Според нивните податоци, најдолг е патот на пациентите кои биле хоспитализирани со тешка клиничка слика и успеале да се изборат со болеста, но до целосно враќање во сосема здрава состојба на организмот, како што велат може да поминат и неколку месеци. Најчесто, болеста остава и тешки последици и долготрајни здравствени проблеми.

Чувството на замор е тоа што најдолго го чувствуваат пациентите кои подолго време претстојувале во болница, бидејќи по претстојот на одделенијата за интензивна нега, тие потоа најчесто се згрижувани останатите одделенија. Големо влијание за целсоното опоравување имаат и други фактори, како што се возраста, но и останати здравствени состојби кај еден пациент.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.