Лимонада секој ден – еве зошто

Одлична во решавањето на бројни здравствени проблеми

Лимонот е цитрус кој се користи насекаде во светот и својата популарност му ја должи на освежувачкиот вкус и мирис кој го прави лесен за употреба во приготвувањето на слатки но и солени јадења.

Покрај тоа, тој е одличен во решавањето на бројни здравствени проблеми, а ова се само некои од нив.

Отечени зглобови

Воспалението го подигнува нивото на киселината во телото, а со консумацијата на вода со лимон се намалува и воспалението на зглобовите.

Третман при акни

Акните се едно од најчестите и најзастапените заболувања на кожата од кои патат дури 40 милиони луѓе. Лимоновиот сок е евтино средство и дури поевтино од некои производи наменети за спречување на акните.

Одржување на тежината

Во споредба со газираните напитоци, сокот од лимон е многу здрав и влијае добро на телото и здравјето.

Камења во бубрези

Камењата во бубрезите настануваат како последица на комбинацијата на минерали и други компоненти. Лимоновиот сок содржи цитрусна киселина која го намалува создавањето на камењата во бубрезите.

Нокти и прсти

Лимоновиот сок може да ви помогне да ги омекнете кутикулите и да ги направи ноктите поздрави.

Болка во мускулите

Во текот на вежбањето мускулите трпат и работењето на нив може да доведе до појава на болка. Топлиот лимонов сок може да ви помогне да ја намалите болката.

Избалансиран pH

Зголемениот pH во организмот доведува до развивање на болести, а лимоновиот сок го алкалазира телото и го намалува нивото на киселост.

Болести на срцето

Лимонот содржи калиум кој е витален за работата на срцето и го спречува развојот на одредени болести.

Го подобрува видот

Витаминот Ц е најважна состојка за подобрување на видот. Помага при здравствените проблеми, како што е катаракта.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.