Лековитите својства на маслото од црн ким

Лековитите својства на маслото од црн ким се познати од многу одамна, а го користеле и старите Египќани.

Благодарение на неговите моќни активни материи, црниот ким е познат како многу моќен лек кој ги ублажува симптомите на бројни здравствени проблеми. Научно е докажано дека содржи протеини, витамини Б1, Б2 и Б3, калциум, железо, бакар, цинк, фосфор, како и омега-2 и омега-6 масни киселини, бета-каротен, тиамин, ниацин и тимокин.

Од сите горенаведени, најмоќен е тимокинот – тој има антивоспалителни својства и е исклучително корисен за организмот.

Научниците докажале дека само 2 грама црн ким дневно го намалува нивото на шеќер во крвта, па затоа е многу погоден за лицата кои страдаат од дијабетес тип 2. Исто така, истражувањата покажуваат дека црниот ким позитивно влијае на здравјето на срцето.

Еве кои сè здравствени тегоби може да ги излечи маслото од црн ким:

– акни

– настинка и грип

– замор на мускулите на нозете

– болки во грбот

– ревматоиден артритис и артритис

– висок крвен притисок

– дигестивни проблеми

– дијареа

– главоболки

– болки во увото

– проблеми со синусите

– габични инфекции

– паразити во телото

– опаѓање на косата

Како да го користите маслото од црн ким?

– Ако имате високо ниво на шеќер во крвта, измешајте една лажица масло со мед и пијте половина час пред ручекот и вечерата.

– За ублажување на дијареа, измешајте една лажица масло од црн ким со јогурт и пијте 3 пати на ден.

– За сува кашлица, измешајте половина лажица масло со кафе, а може да нанесете масло на грбот и на градите.

– За настинки и грип, испијте комбинација од мед и масло по оброкот, а ако имате затнат нос, капнете неколку капки масло во ноздрите.

– Паѓањето на косата може да се намали со маска од масло од црн ким. Измешајте го ова масло со маслиново масло и нанесете на косата. Оставете да отстои еден час и потоа измијте со шампон.

– За лекување или ублажување на ревматоидниот артритис, загрејте го маслото и намачкајте ги деловите од телото што ве болат.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.