Колку всушност калории треба да внесеме дневно?
Голем број трендови и контрадикторни информации
Земајќи предвид дека е лето, многумина од нас се измачуваат со диети, но изгледа многумина се збунети во врска со клучната работа кога станува збор за слабеењето – внесувањето калории. Едно ново истражување откри дека многу луѓе не знаат што треба да јадат и во колкаво количество, и тоа на дневно ниво, за да се хранат здраво.
Голем број трендови и контрадикторни информации
Благодарение на трендот clean eating и на мноштвото модерни стилови на исхрана, веќе не сме сигурни на кои насоки за правилна исхрана треба да им веруваме, предупредува британската организација за грижа за здравјето „Бененден“. Во истражувањето спроведено врз 2.000 возрасни Британци се воспоставило дека 44 отсто од нив не знаат колку калории треба да се консумираат дневно. Позитивна е информацијата дека младите на возраст од 18 и 24 години знаеле најмногу за исхраната. Повеќе од 2/3 испитаници од оваа група знаеле да одредат колку калории треба да се внесуваат. За разлика од нив, 51 отсто од испитаниците повозрасни од 45 години не знаеле нешто за тоа.
Колку калории, шеќер, сол…
Според податоците на Националната здравствена служба (НЗС), мажите треба да внесуваат 2.500 калории дневно за да ја одржат телесната тежина, додека, пак, жените треба да се придржуваат до 2.000 калории на ден – разликата е рамна на јадење само 2 јајца и 2 банани. Покрај тоа, 83 отсто не знаеле колкаво е дневното препорачано количество шеќери, додека 77 отсто од нив не знаеле која е разликата меѓу природниот и рафинираниот шеќер. Ваквите резултати се забележани и покрај фактот дека сме затрупани со совети врзани за исхраната и дека Светската здравствена организација го истакнува максималното препорачливо количество на етикетите на сите производи.
Што е најважно?
Со истражувањето е востановено дека мажите знаат помалку за исхраната од жените. Само 45 отсто од нив биле упатени во тоа колку калории на ден треба да внесат во организмот, во споредба со 67 отсто жени.
Доста е комплицирано да се следи што точно јадеме и пиеме во текот на денот, но важно е да бидеме посвесни и подобро да разбереме што е премногу, а што не е. Тоа може да ни помогне во воспоставувањето урамнотежена исхрана и во подобрувањето на здравјето. Во морето контрадикторни совети, луѓето се збунети и во врска со тоа што треба, а што не треба да јадат и да пијат, па тоа и не претставува големо изненадување. Она што е најважно е да се придржуваме до советите и насоките на Светската здравствена организација во врска со грижата за себе преку исхраната.
5 намирници со изненадувачки малку калории (во 100 г)
шкампи
106 kcal
киви
61 kcal
карфиол
25 kcal
печурки
22 kcal
домат
18 kcal
КОЛКУ ТРЕБА ДА ВНЕСУВАМЕ ДНЕВНО…
…КАЛОРИИ
2.000 жени
2.500 мажи
…ШЕЌЕРИ
25 г деца
33 г жени
37 г мажи
…СОЛИ
5 г возрасни
5 г деца