Колку влакна дневно паѓаат од косата?
Ако после миење на косата или после чешлање видите многу влакна во кадата или на подот, немојте веднаш да кревате паника – тоа е сосема нормално.
-„Секој човек просечно губи измеѓу 60 и 100 влакна секој ден“, вели доктор Анабел Кингсли, експерт за болести на косата и кожата на главата.
Исто така, ако имате долга коса, ќе ви се причини дека ви паднала многу поголема количина на коса отколку што тоа навистина е, но сепак постојат ситуации кога треба да обрнете внимание и да ја побарате причината за паѓање на косата.
За почеток, треба да знаете дека косата е многу чувствителна на секоја промена и секој стрес во организмот. На пример, само една недела диета, стомачен вирус, температура или стресна недела на работа може да предизвика зголемено губење на косата.
Кога сето тоа ќе заврши, косата повторно ќе почне да расте и се` ќе се врати во нормала, па на тој начин во минливите случаи нема простор за грижа, објаснува Кингсли.