Колку мед ни е потребно да јадеме дневно за подобро здравје?

Сите ја знаеме хранливата вредност на медот. Тој е единствен производ од природата кој е во идеален баланс на лековити состојки, здрави јаглехидрати и вредни хемиски соединенија кои не можат фармацевтски да се произведат.

Неговите дејства се антиоксидативни, антивоспалителни, антибактериски и исцелувачки. За жал, постојат луѓе кои се алергични на овој производ и неговите бенефити ги добиваат со помош на алтернативи.

Медот нема рок на траење, но важно е да го чувате на ладно и темно место за да не ги изгуби лековитите својства. Сосема е нормално по извесно време да кристализира, тоа значи дека се работи за природен мед. Ако сакате да го стопите, направете го тоа на температура од најмногу 40 степени, бидејќи над таа се губат хранливите состојки.

Препорачаната дневна доза е еден грам на еден килограм тежина, што во суштина се две до три лажички мед секој ден. Медот најдобро се апсорбира ако прво го растопиме во устата или пак го раствориме во млак чај.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.