Годинава во земјава се регистрирани најмногу случаи заболени од СИДА во Македонија

Секоја година бројот на заболени од оваа болест се зголемува. Годинава во земјава се регистрирани најмногу случаи со ХИВ/СИДА. Според податоците од Институтот за јавно здравје во 2019-та има 57 новооткриени, 16 повеќе од лани. Меѓу новозаразените само 2 се жени, а повеќето мажи вирусот го добиле по хомосексуален пат. Просечната возраст е 34, а има и 19 годишни и лица над 50 години. Речиси половина од новите случаи се од Скопје, а инфицирани има и во други 12 градови.

Во Битола годинава има пет нови случаи.

Годинава во државата 700 лица бесплатно се тестирале за Хив. Само кај една третина вирусот бил навреме дијагностициран што е клучно за понатамошниот третманот. За 32 години од првиот случај во државата регистрирани се 460 лица со ХИВ/СИДА, 104 починале.

Оваа година за прв пат на Mеѓународниот ден за борба против Хив изостана официјална прес конференција од здравствените власти.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.