Колку години од животот ни крати загадениот воздух?

Ужасни бројки!

Загадениот воздух ги намалува животите на луѓето во просек за речиси 2 години. До овој заклучок дојдоа научниците од Институтот за енергетска политика на Универзитетот во Чикаго.

Според податоците Непал е земја со најзагаден воздух во светот, по што следи Индија.

Загадувањето на воздухот во овие земји е толку сериозно што го скратува просечниот животен век на нивните граѓани со цели 4 години.

Степенот на загадување на атмосферата зависи од регионот. На пример, во подножјето на Хималаите воздухот е исклучително чист, пишува BGNews.

За споредба, прогнозираниот животен век во Кина – земја со многу валкан воздух, се скратува само со 2,9 години, а во САД – со 0,1 години.

Загадувањето на воздухот во голема мера е предизвикано од согорувањето на фосилните горива, скратувајќи ја на глобален план должината на животот во просек за 1,8 години на човек.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.