Која е најздравата билка на светот?
Поточарката важи за многу лековита и корисна билка за здравјето, но луѓето за жал немаат навика да ја користат. Ова е можност да се потсетиме и поттикнеме да ја вметнеме во нашата исхрана. Поточарката е богат извор на важни витамини и минерали, а особено на железо. Истражувањата покажале дека оваа билка содржи повеќе железо од спанаќот и има повеќе витамин Ц од некои цитрусни овошја.
Освен тие хранливи материи, поточарката нуди и големи здравствени предности. Имено, една неодамнешна студија утврдила дека поточарката го запира и го намалува оксидативниот стрес, а исто така ја прочистува крвта, го поттикнува апетитот и го чисти телото од токсини. Многу луѓе често пијат сок од поточарка, а се препорачува негово пиење разредено со вода во сооднос 1:5. Препорачаната доза е една чаша на секои неколку недели, не повеќе од тоа, затоа што може да се појават несакани ефекти.
Сокот од поточарка може да се применува локално (надворешно), во лечење на која било состојба на кожата и косата. Сѐ што треба е само да нанесете сок на зафатената област или пак да го користите во вид на облоги, па конечно ќе можете да се ослободите од проблемот на губење на косата и многу кожни проблеми. За да направите облога од поточарка, треба да искршите малку листови од оваа билка и да ги помешате со алкохол, а потоа да ја ставите на зафатеното место и да ја замотате со завој. Оставете ја така облогата да стои неколку часа, а потоа отстранете ја и измијте ја областа со ладна вода. Исто така сокот од поточарка може да го запре растот на туморот и метастазирањето, а некои експерти тврдат дека има моќ да спречи и бројни кардиоваскуларни проблеми, како и ширење на ракот на дојката.
Добро измиените листови од поточарка, во неколку води и отстоеани во солена вода и винска киселина, може да се консумираат во вид на салата. Салатата се зачинува со ситно сечкан лук, маслиново масло, сок од лимон, малку сол и црн бибер.