Шипката е драгоцена, еве зошто

240

Шипката е исклучително богата со витамини Ц и К, со каротиноиди ликопен и бета каротин, со инвертен шеќер и сахароза, како и со пектини и танини.
Поради овие карактеристични состојки, таа е повеќекратно драгоцена. Истовремено служи како тоник, како витамински пијалак за време на настинка и грип, како благ диуретик, како благ лаксатив или едноставно како чај за уживање. За уживање се и џемот и мармаладот кои традиционално се подготвуваат според рецептите на нашите баби.

Поради пријатниот и освежувачки вкус, богатството на витамини и овошни киселини, екстрактите и концентратите од шипка го најдоа своето место во производството на разни безалкохолни пијалаци од кои најпознат е кокта. При подготовката на овие пијалаци се внимава екстрактите да бидат со темна кафеаво-црвена боја, со пријатен кисел вкус и карактеристичен мирис.

Маслото од шипка, со изобилството од различни киселини, има висока биолошка вредност. Може да се користи како активна компонента при подготовката на препарати наменети за ублажување на воспалителни реакции на кожата, но и во козметички цели. Маслото може да се користи локално при третман на егзема, акни и псоријаза, но исто така тоа е одлично и за нега на сува, екстремно сува и зрела кожа. Истражувањата покажаа дека маслото од шипка има и благотворно дејство врз епидермалните клетки. Особено е корисно за сува кожа бидејќи ја зголемува нејзината еластичност.

Како и сите други масла, маслото од шипка е емолиенс, односно ја зголемува мекоста на кожата и ја прави мазна. Одлично е и како средство за заштита од сончање. Спакувано во лосиони за тело, купки, шампони, балсам за усни и кремови за раце и нокти, тоа ја истакнува ефективноста за секој дел од телото.

Чај богат со витамин Ц

Поради богатството на витамин Ц, кој не се губи при готвењето, чајот од црвена шипка е незаменлив во третманот на настинки. Особено се препорачува при замор, малаксаност, анемија, односно при сите проблеми што се јавуваат како резултат на недостаток на витамин Ц во организмот.

Исто така, препорачливо е да се консумира за прочистување на крвта. Има корисен ефект врз органите за варење, како и врз лачењето на урината без иритација на бубрезите. Чајот од шипки се препорачува и за да спречи формирање песок во бубрезите и во уринарниот тракт. Исто така, се користи при воспалителни процеси на бубрезите и на уринарниот тракт.

Покрај плодот, за време на цветањето на ова растение се собираат и ливчињата за подготовка на чај. Чајот од ливчиња е ефикасен при крварење од желудникот, цревата и белите дробови, но се користи и како лек за хемороиди, дијареја и грчеви во стомакот.

Интересни факти за шипката

Шипката има многу корисни својства. Тоа е едно од најстарите растенија што му се познати на човекот. Уште од неолитскиот период, археолозите пронашле семки од шипки стари околу 5.000 години.

Пред неколку илјади години, шипката се дистрибуираше не само на Далечниот Исток, Кавказот и Индија, туку и низ цела Европа. Денес, шипката речиси исчезна во Западна и Централна Европа и сега се одгледува во Северна Америка.

Шипката содржи витамини А и П и многу е богата со витамин Ц – 300 грама бобинки ја овозможува дневната потреба за аскорбинска киселина. Содржи калиум, фосфор, натриум и особено калциум и магнезиум: за да добиете дневни дози, доволно е да јадете по 200 грама бобинки.

Шипката е одлична за борба против тифусот, болките во стомакот и другите патогени бактерии. Секоја бобинка содржи многу пектин, а пектинот е најдобриот природен начин за чистење на телото од токсини и отрови. Богата е со глукоза и фруктоза, па затоа од шипка често се прават сирупи, џемови, желеа и сокови.

Во Источна Европа, од шипка се прават вино и вотка.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.