Кои се најчести симптоми на болеста фибромијалгија?

Најчестите симптоми на болеста од која боледува и Лејди Гага

Јавноста веќе одамна знае дека популарната Лејди Гага има ретка здравствена дијагноза, наречена фибромијалгија, која се манифестира со хронични болки низ целото тело.

Тоа што пејачката јавно прозборе за тоа како живее со оваа болест придонесе јавноста да стане посвесна дека се работи за реална и навистина тешка состојба.

Точната причина која предизвикува фибромијалгија не е позната, а причините можат да бидат најразлични, од психолошка природа, генетска, невролошка или пак, да зависи од околината или лошиот стил на живеење.

Ова се најчестите симптоми на оваа здравствена состојба:

Постојана болка низ целото тело

Најчесто не се работи за силна и неподнослива болка, туку практично е хиперсензитивност на дразби, што дури и седењето и лежењето се непријатни. Во такви случаи болните реагираат на дразбите како да им се нанесува болка.

Поспаност

Постојаниот умор, губењето на концентрација и лошото спиење се дел од симптомите кои може да ги предизвика фибромијалгијата. Поспаноста може да се појави дури и кога лицето спиело доволно во текот на ноќта.

Мигрени

Честите мигренозни напади не се директна последица на фибромијалгијата, но може да бидат тесно поврзани со неа, бидејќи исто така се работи за хронична болка. Во овој случај интервенирајте со лек и не дозволувајте болката да ве мачи со часови.

Проблеми со спиење

Болните од фибромијалгија често не можат да спијат, остануваат будни и по цела ноќ, а колку и да се уморни и поспани, сонот, едноставно, никако да дојде.

Губење на мислата

Овие лица често можат да бидат недоволно концентрирани на она што го зборуваат или да ја изгубат мислата во текот на изговарање на реченицата. Оваа појава некои ја нарекуваат и „мозочна магла“, а често може да се случи и краткотрајно губење на меморијата или потешкотија да се сети на настан од блиското минато.

Депресија и анксиозност

Покрај физичките симптоми, оваа состојба може да предизвика и психолошки проблеми, а депресивните епизоди не се исклучени од тоа. Точната поврзаност не е покажана научно, но е забележана појава на анксиозност кај повеќе пациенти со дијагноза фибромијалгија.

Проблематични црева

Кај овие лица се забележани дигестивни проблеми, кркорење на цревата и чести мачнини. Консултацијата со лекар е задолжителна, а може да биде потребно и да воведете специјален режим на исхрана за полесно да ги издржувате симптомите.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.