Кога организмот бара помош од вас?

10 важни знаци

Човековиот организам е многу интересен механизам. Во него, истовремено се случуваат многубројни процеси. Ако започне да се случува нешто необично, ние тоа започнуваме суптилно да го чувствуваме.

Меѓутоа, многумина не обраќаат внимание на тие сигналите што ни ги испраќа телото. Најдобро би било да се детектира и отстрани проблемот на самиот негов почеток, отколку да се чека работите да се искомплицираат.

Значи, ајде да видиме што ни говорат одредени сигнали на нашиот организам.

Сувост на кожата од лицето

На вашиот организам му недостига витамин Е. За да го надополните, во својата исхрана вклучете ореви, масна риба и растителни масла.

Кршливи нокти и коса

Овие симптоми укажуваат на дефицит на витамин Б и калциум. Доволна количина од овие нутриенти содржат пченичните ‘ркулци или леб од ‘ркулци, интегралните житарки, мешунките, компирот, млекото.

Засилена желба за солено

Во организмот постои некоја инфекција или воспалителен процес, особено во урогениталниот систем.

Засилена желба за слатко

Постои можност од нервна исцрпеност и потребна е брза енергетска прихрана – глукоза.

Во овој случај, најдобро е да земете мед или темно чоколадо со мин 70% какао, рогач, стевија и слично, за да го избегнете проблемот со гастроинтестиналниот тракт.

Крвавење на непцата

На организмот му недостига витамин Ц. Го има во кромидот, лукот, овошјето и зеленчукот. Исто така, можете да пиете и чај од шипки.

Лош сон, раздразливост, грчеви во нозете

Говорат за недостиг на магнезиум и калиум. На прво место неопходно е да внесете темнолистест зеленчук во исхраната, како што е спанаќот, блитвата и кељот. По висока содржина на магнезиум се познати и јаткастите плодови како бадемот, сончогледот, лененото семе.

Овие микроелементи, исто така, се наоѓаат во сувите кајсии, сливите и цвеклото.

Сува кожа на лактите

Јасен знак за недостиг на витамини А и Ц. Овие витамини се присутни во сувото овошје и зеленчукот со жолта боја: морков, тиква, кајсија, портокал.

Сакате сирова храна

Овој симптом може да укажува на гастритис или проблеми со црниот дроб. Сировата храна ќе помогне во ублажување на грчевите, бидејќи го смирува желудникот.

Желба за кисело

Организмот сам ги бара овие продукти, бидејќи му се неопходни за стимулација на црниот дроб или жолчката. Во исхраната вклучете лимон, брусница.

Сакате морски плодови

Треба да ги консумирате, бидејќи најверојатно имате недостиг од јод во организмот.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.