Ќе биде ли прогласена епидемија од морбили во цела држава?

Годинава 20 родители добиле прекршочни пријави поради невакцинирање на своите деца. Од Државниот санитарен и здравствен инспекторат велат дека 11 од нив завршиле на суд а останатите платиле парична казна која се движи од 300 до 650 евра. Во меѓувреме постојано расте бројот на заболени со морбили и досега има над 900 заразени. Епидемиолозите се загрижени што поголемиот број од новорегистрирозаболените со мали сипаници се од внатрешноста. Не е исклучена можноста на Комисија за заразни болести да биде прогласена епидемија во цела држава.

-Ќе ја разгледаме и таа можност, предусловите за тоа се исполнети, но тоа не е мерка за заплашување туку одлука за преземање на мерки. Сега во Скопје има над 12000 вакцинирани деца од прогласдување на епидемијата а во другите градови има голем број на невакцинирани и сега се повеќе таму се шири заразата, вели др. Владимир Микиќ од ИЈЗ

Дури 10 проценти од  регистрираните случаи се  лекари и медицински сестри кои заболеле од мали сипаници на работните места. Најголем број од нив се од Клиниката за детски болести.

–Имаме над 80 случаи на медицински лица, кои поради директниот контакт со заразените заболеле. Голем дел од нив се невакцинирани, но има и со примени вакцини, вели Микиќ.

Во земјата се уште е на сила забраната за прием на деца во градинки а министерот за здравство најави дека нема да дозволи во мај да бидат запишани првачиња кои не се вакцинирани. За разлика од кај нас, во соседна Србија размислуваат за ригорозни мерки во делот на вакцинација. Министри и политичари дебатираат дали треба да одземаат родителски права доколку децата не ги примиле неопходните вакцини. Имаат дури и случаи во здравствени установи каде матични педијатри ги враќаат картоните на невакцинираните пациенти.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.