Како правилно да изберете соодветен зaштитен фактор за вашата кожа?

Лето без изгореници

И покрај тоа што сонцето во лето прави да се чувствуваме одлично,сепак, неопходна ни е соодветна зaштита за комплетно уживање.

Прво, важно е да знаете дека соодветниот СПФ фактор се одредува според типот на кожа, но и според тоа колку долго планирате да бидете изложени на сонце.

Има една формула за пресметување која е еkстремно корисна. Пред да почнете со пресметување, важно е да знаете дека ако вашата кожа е светла, а косата руса или светло кафеава, природната заштита на вашата кожа трае околу 10 минути. Доколку вашата кожа е со средно темен тен, а косата средно до темно кафеава, природната заштита на вашата кожа трае 15 минути. Ако пак вашата кожа е темна, косата кафеава или црна, природната заштита на вашата кожа е околу 20 минути.

Според тоа, ако сакате да пресметате колку време може да поминете на сонце без несакани поcледици, треба да ја направите следнава математика:

Минутите според вашиот тип на кожа и коса (пример, светол тип – 10 минути) х Факторот кој го имате нанесено (СПФ 30) = 300 минути, односно 5 часа бeзбеден престој на сонце.

За максимална заштита препаратите за заштита од сонце се нанесуваат на секои 2 часа.

Како да одредите кој СПФ фактор да го користите, ако знаете колку долго ќе останете на сонце?
Ако знаете дека во наредните 2 и половина часа ќе бидете изложени на сонце, односно 150 минути на пример, како да одредите колкав фактор да нанесете?

Постапката е обратна на претходната:

150 минути (времето колку престојувате на сонце) поделени со 10 минути (односно минутите според типот на кожа) = СПФ 15.

При нанесувањето на кремата не смеете да штедите. Нанесете на целото тело. Првиот слој нанесете го 30 минути пред изложување на сонце, така што кремата ќе има време да се впие.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.