Како до посилен имунитет во зима?

Четири домашни рецепти за зима без болести

Сезоната на вируси и грип е во полн ек, а во зимскиот период имунитетот може многу лесно да опадне. На кои природни начини може да го подборите имуниот систем?

1. Комбинација на лук и мед

Медот е богат со витамини, минерали, антиоксиданси и ензими. Лукот содржи состојки кои добро делуваат на способноста на белите крвни зрнца да се изборат со некои вируси. Важно е чешнето лук да биде згмечено, не сецкано бидејќи на тој начин се активира главната супстанција, алин. На една шолја мед се потребени 8 до 10 чешниња лук. Ставате го згмечениот лук во сад и наполнете со мед. Оставете да постои на собна температура 3 до 5 дена, а потоа мешавината чувајте ја во фрижидер. Еднаш дневно консумирајте од овој мед.

2. Зелено смути

Оваа напивка е пребогата со витамини и е одлична за подобрување на имуниот систем. Потребно е: две шолји спанаќ, два портокала, целер, 2 сантиметри излупен ѓумбир. Ставете сè во блендер и испијте ја течноста.

Спанаќот е богат со витамини и минерали, исто како и портокалите. Целерот е богат со антиоксиданси, а ѓумбирот е познат по антибактериски и антивирусни дејства.

3. Лимонада

За оваа вкусна напивка потребни се 2 сантиметри излупен ѓумбир, исцеден сок од половина лимон, четвртина лажичка мелен пипер. Помешајте ги состојките и прелијте со топла вода. Може да додадете и лажичка мед.

Мелениот пипер содржи бета каротен и антиоксиданси кои помагаат телото да се избори со бактериите. Исто така ја подига телесната температура и го активира имуниот систем.

4. Чај од ѓумбир и куркума

За ѓумбирот веќе напишавме какви својства има, додека куркумата има многу позитивни ефекти по здравјето. Нејзините антивирусни својства и подобрувањето на имунитетот се само дел од нив.

Еве што е потребно за чајот: три шолји врела вода, сантиметар излупен корен од ѓумбир и сантиметар корен од куркума. Во врелата вода додајте ги состојките и оставете да дејствува 5 до 10 минути. За подобар вкус додадете лажичка мед.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.