Метеролозите најавија тропски горештини кои речиси секоја вечер ќе нѝ прават проблеми за спиење.
Покрај нив, не ни треба ништо друго што ќе ни го попречи сонот и мирното спиење, па токму поради тоа треба да ги избегнувате сите непотребни намирници во доцните часови од ноќта.
Веќе знаеме дека пред спиење не би требало да уживаме во тешки оброци кои прават проблеми при варењето, а уште полошо и не нѝ дозволуваат мирно да спиеме.
Стариот добар рецепт за несоница е чаша топло млеко со мед, но ако не сте голем обожавател на слатките работи или пак вашиот организам не ги поднесува добро, тогаш тоа може повеќе да ви штети отколку што ќе ви помогне. Секако, кафето не мора ниту да го споменеме со оглед на тоа што е веќе познато дека тоа не држи будни.
Иако си велите дека чашата алкохол ќе ви помогне брзо да заспиете, треба да го избегнувате бидејќи долгорочно создава проблеми со ритамот на спиење. Алкохолот ќе направи постојано да се будите во текот на ноќта, а изутрина да се разбудите изморени без причина.
Зачинетата, лута и мрсна храна, големите количини на слатки, чипс и бројни други јадења од оваа категорија се строго забранети.
Вечерата секогаш консумирајте ја барем два часа пред спиење за организмот да може да го преработи сето она што го внесовте, потоа да се смири и да се намали можноста на создавање киселина додека сте во лежечка позиција. Ако понекогаш чувствувате дека вашиот организам не може сам да го направи сето тоа, испијте еден чај од камилица, но внимавајте да не претерате.