Како да се справите со сончаница?

Доколку мора да поминувате подолго време на сонце, задолжително носете заштита на главата, советуваат лекарите како најдобар начин да се заштитите од сончаница.

Во летните месеци често се јавуваат опекотини од сонце, алергии, труење од храна, дехидрации, убоди од инсекти и животни, повред, инфекции, настинки. Сепак, стручњаците особено внимание посветуваат на сончаницата, бидејќи последиците од прекумерно изложување на сонце можат да бидат опасни по здравјето. Најчувствителни се децата и постарите од 65 години.

Сончаницата се јавува како последина на директно дејство на сончева топлина на главата. Незаштитеното изложување на сончева топлина доведува до зголемување на температурата во главата. Организмот делува на тој начин така што го разладува мозокот упатувајќи му голема количина на ладна крв во главата, што доведува до ширење на крвните садови во мозокот и едем на мозокот.

Како последица на тоа се јавува главоболка, вртоглавица, повраќање, а потоа и зголемена телесна температура, црвенило на лицето. Кожата е црвена, топла и сува. Личноста е вознемирена, има забрзано дишење и губење на свеста. Во потешки случаи може да се јави и зуење во ушите, проблеми со видот, малаксаност и губење на свеста. Симптомите на сончаницата се јавуваат во првите 24 часа по долгото задржување на сонце.

Лицето кое добило сончаница треба веднаш да се смести во ладовина, во полулегната положба, да се раскомоти и да се разлади со полевање вода и ставање ладни облоги на глава. Во случај на зголемена телесна температура со ладење може да се престане дури кога температурата ќе се врати на нормала, односно под 38 Целзијусови степени.

Во случај на несвестица, веднаш почнете со ладење на телото и главата и повикајте брза помош. Во секој случај, потребна е брза консултација со лекар.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.