Како да препознаете кога е време за прочистување на црниот дроб?
Знаци треба да обрнете внимание
Кога на еден од највредните органи во нашиот организам му треба помош,тоа значи дека сме го оптовариле со нездрав живот и таа отежнато го чисти телото од токсини или сме го ослабнале на некој друг начин.
Обично станува збор за тоа дека црниот дроб е оптоварен со нездрави мастиа ако состојбата се влоши, ова преоѓа во заболување кое се вика замастен црн дроб. Клетките во црниот дроб се однесуваат како филтри и ако тие клетки отечат, ако се полни со маснотии тогаш не можат да работат правилно па многу токсини останваат на нашиот организам и се пренесуваат преку крвта до срцето. Непрочистената крв може да го оштети срцето и системот за имунитетот и да доведе до претерано стареење.
Еве на кои знаци треба да обрнете внимание:
Често се будите во текот на ноќта (помеѓу 2 и 4)
Имате повремено болки во пределот на црниот дроб
Појава на рефлуксна болест и киселини
Се појавуваат темни точки по телото
Имате проблеми со кожата (акни и чешање)
Рчењето, несоницата и заморот се често присутни.
Проблеми со варењето (пролив, надуеност, запек, често подждригнување,…)
Проблеми со регулацијата на килограмите (наспроти диетата, тешко ги губите килограмите)
Висок холестерол и триглицериди
Наслаги околу струкот, стомак, кој и покрај вежбањето не исчезнува
Околу очите често се појавуваат жолтеникави кесички.
Слабо толерирате чад, испарувања, алкохол и тутун.
Главоболките се јавуваат почесто во утринските часови.