„И’ јас варирав со килограмите додека на крај на открив најдобар начин на исхрана. Луѓето честт ме прашуават зошто повеќе не се посветувам на темата правилна исхрана и зошто не зборувам и пишувам за тоа во своите книги? Јас сум многу урбана личност и работохоличар. И како таков сум бил склон кон екстремно нездрав и неправилен начин на исхрана.
Многу учев за нутрицијата, диетите, а често и сам сум испробувал разни диети (дури сум постигнал и личен рекорд во губење килограми: загубив 36. килограми за три месеци, што значи дека месечно сум губел по 12. килограми). После сето тоа дојдов до заклучок: диета може да донесе само нервоза (пореметување на сонот, раздразливост, синдром на пореметување на сонот и т.н.)
Пробав да живеам според правилото на Антон Чехов кој еднаш напишал.
’Станував гладен од масата, што значи дека сум јадел. Станував сит од масата, што значи дека сум се прејал. А ако сум се прејал значи дека сум се отрул’.
Мојот пријател Владимир Абрамов имаше обичај да каже: Здравото тело има килажа!
Многу, секако, зависи од начинот на живот. Јас сум спортски тип на личност. Ако постои прилика јас шетам, скијам, џогирам по песок, пливам, и со тоа го одржувам телото здраво (еластичност на зглобовите и добра издржливост на телото).
Поради тоа верувам дека квалитетното губење килограми, без губење на мускулна маса може да се постигне со комбинација на различни вежби, истегнување како и балансирана исхрана.
Кога станува збор за вежбањето мојот предлог е следен:
Пешачење: одете 2 часа со брзина од 6 до 8 километри на час
Џогирање: доволни се 20 – 30 инути но отчукувањата на срцето да не ви преминуваат 140-150 отчукувања по минута
Нордиско пешачење: од 3 до 5 километри дневно
Пливање без застанување барем 1,5 до 2 километри.
Според мене диетата од било кој вид (ако се изземе онаа за дијабетичарите или срцевите болни или диета после операција) е штетна, бидејќи прво ја губите мускулната маса па дури потоа салото полека почнува да исчезнува.
Поради тоа неопходно е да се храниме правилно за да не дојде до одредени болести кои носат и неисхранетост.
Правила на добра исхрана според Бубновски:
1. Јадете природна храна која не е обработена: овошје и зеленчук, јатки, јајца, житарки, риба, млеко, сирење, месо од зајак и пилешко.
2. Одбивајте конзервирани производи
3. Правете јадење кое содржи само 2 до 3 различни состојки (хранете се едноставно и ќе доживеете стота)
4. Одбегнувајте сол и шеќер, заменете ги со зачини. Солта заменете ја со сок од лимон или соја сос, а шеќерот со овошје и мед.
5. Одбегнувајте алкохол, особено со оброк. Вино и вода, конзумирани заедно со храна се акумулираат во дигестивниот тракт и ги растопуваат ензимите кои се неопходни при разградување на храната. Ако испиете чај после јадење тоа ќе доведе до дебелеење. Наместо десерт подобро е да изедете јаболка или лубеница.
6. Престанете да пиете кафе и ќе видите дека ќе сте полни со енергија. Забуната настанува кога ќе испиеме кафе и ќе добиеме налет на енергија но после пет часа чувствуваме слабост и главоболка. Слични симптоми имаат и наркоманите кога имаат криза со дрога.
Кога станува збор за водата: потребно е да се пијат три литри вода дневно(12.чаши). На приемр, јас преферирам да испивам вода наутро,пред вежбање и тоа се вика утринско туширање; затоа пијам вода веднаш после вежбање,пред капење, после јадење, или час или два после јадење. Мораме да пиеме многу вода. Составени сме до вода и што повеќе ја менуваме нашето тело се чувствува подобро.
Не пијам и не препорачувам пијалоци од конзерви како ниту газирани пијалоци.Најдобро е да се пие вода од извор или од бунар (ако знаете дека е чист), а оние кои страдаат од остеопороза и болести на зглобовите ова правило мора да го почитуваат ако сакаат да се излекуваат“.