Како да го препознаете и да го избегнете топлотниот удар?

Корисни совети за летово

Веќе знаете дека кога времето е премногу топло, не треба да излегувате надвор од 11 до 17 часот. Ако сте на плажа, потребно е да најдете сенка, а прошетките да ги oставите за навечер.

Изгорениците не се единствената опасност од сонцето. Во текот на летото се потите повеќе и имате помалку енергија, па високите температури можат да го исцрпат целиот организам а последиците да бидат опасни.

Што е топлотен удар?

Топлотниот удар е сериозно нарушување кое настанува кога температурата на телото е повисока од 39 степени. Најчесто ова е резултат од преморување на екстремна топлина и може да биде навистина опасно.

При топлотен удар организмот не може да ја одржи телесната температура во нормалните граници, па може да настане трајно оштетување и невролошко пореметување.

Некои од најчестите симптоми на топлотен удар се силна главоболка, сува или црвена кожа, постојано зголемување на телесната температура, вртоглавица, немир, поспаност, повраќање, зуење во ушите, замаглен вид, па дури и губење на свест.

Исто така обрнете внимание на забрзано чукање на срцето, забрзано дишење, малаксаност и жед, а некогаш потењето може целосно да престане.

 

Кога сте изложени на најголем ризик од топлотен удар?

Претераната изложеност на сонце го зголемува ризикот од топлотен удар, но постојат и други фактори кои ве ставаат во опасност.

Претерана физичка активност

Доколу претерате со физичката активност на топло време, имате совршен рецепт за топлотен удар. Ова може да им се случи на атлетичарите кои во текот на летото вежбаат на отворено.

Најчесто топлотниот удар се појавува во јули и август, кога влажноста и температурата на воздухот се највисоки

Работење надвор

Доколку работите надвор ова лето, не заборавајте на паузите и пиењето вода. Секоја физичка активност на отворено дополнително го зголемува ризикот од топлотен удар.

Дехидратација

Луѓето кои се изложени на поголем ризик од дехидратација, како деца и постари, се изложени и на поголем ризик од топлотен удар. Истото важи и за луѓето со проблеми со срцето или црниот дроб.

Кај овие групи луѓе, дехидратацијата се случува многу побрзо и мерките за справување на телото не се толку ефикасни.

kako-da-go-prepoznaete-i-da-go-izbegnete-toplotniot-udar-03.jpg

Како да го избегнете топлотниот удар?

Ограничете го излегување на сонце: Кога температурите се највисоки, избегнувајте да излегувате на отворено. Доколку сепак морате, секогаш движете се под сенка.

Пијте вода: Секој ден пијте околу 2 литри вода. Избегнувајте ги алкохолните пијалаци и кофениот бидејќи тие го зголемуваат ризикот од дехидратација.

Облечете се правилно: Носете светла, удобна и лесна облека, направена од памук или лен. Исто така заштитете ја главата со капа.

Разладете го домот: Навечер отворајте ги прозорците за да проветрите, а во текот на денот затворете ги и завесите. Доколку имате клима, вклучете ја, или најдете вентилатор кој ќе ги циркулира воздухот.

Не се преморувајте: Избегнувајте го вежбањето и напорната работа кога температурите се високи. Доколку сепак не можете, пијте многу вода.

Обрнете внимание на луѓето од ризичната група: Доколку имате деца или некој постар во домот, потсетувајте ги да пијат вода. Исто така речете им да седат во разладена просторија.

Бидете особено внимателни со бебето: За разлика од возрасните, на бебињата им е потешко да ја регулираат нивната телесна температура. Па, бидете внимателни. Доколку устата на бебето е сува, доколку нема солзи кога плаче или ако неговата пелена е сува повеќе 8 часа, можеби станува збор за топлотен удар.

Бидете свесни за медицинските реакции: Некои лекарства можат да го зголемат ризикот од топлотен удар. Разговарајте со вашиот лекар доколку пиете некакви лекови за да бидете свесни за сите потенцијални проблеми.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.