Како да го исчистите организмот од отрови?

Зелениот чај има добар ефект бидејќи го забрзува топењето на мастите, ја зголемува ситоста и го стимулира црниот дроб. Исто така го регулира нивото на шеќер во крвта и го намалува холестеролот и затоа се препорачува како интегрален дел на менито за детоксикација.

Чајот од бреза како и тој од нане дејствуваат како диуретик и ја прочистуваат крвта. Го поттикнуваат лачењето на течности од телото а со тоа и штетните материи. Препорачливо е 3 до 4 чаши дневно. Чајот од коприва исто така дејствува како диуретик и го забрзува исфрлањето на токсините од телото. Тој е одличен за прочистување на црниот дроб и крвта а со тоасе рефлектира и во кожата. Затоа е препорачлив за луѓето со проблеми со кожата, но не и оние со дигестивни нарушувања. Белиот чај е богат со моќни антиоксиданти, полифеноли и е еден од најздравите чаеви.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.