Речиси и да нема месец во кој нема да слушнете дека владее некој стомачен вирус. Од грчеви, до цревна нервоза, нарушената цревна флора е еднакво чест здравствен проблем како и грипот или настинките.
И без оглед на тоа што траат од еден до три дена најчесто, постојат работи што секако ги знаеме, но на кои не се придржуваме, а многу помагаат во забрзувањето на процесот на закрепнување.
Каде грешиме кога имаме стомачен вирус?
1.Претеруваме со течности
Со повраќањето или дијареата губиме многу течности, но тоа не значи дека после тоа треба да се налеваме со вода или чај, само за да не дехидрираме. Течности се секако потребни, но не брзо после реакцијата. Почекајте да поминат макар 20-тина минути, а потоа пијте по неколку голтки на секои десет минути.
2.Држиме диета
Кога не ни е добро, тогаш не јадеме леб, бананите и двопекот ни се најчестиот оброк. Но, тоа треба да е така само првиот ден. Веќе од вториот ден, треба да се воведува нормална и разнолика исхрана, што подразбира супи, лепче, лесна храна – значи заборавете на зелка, грав и сите намирници што можат да му тежат на стомакот. Пробиотиците се задолжителни, за што побрзо да се врати цревната рамнотежа. Пробиотиците и додатоците за ихрана е добро да се земаат и превентивно, значи и кога немате некој посериозен проблем.
3.Претерана хигиена
Секако дека за време на болеста рацете ги миеме многу почесто отколку што тоа редовно го правиме. Но, кога симптомите ќе престанат, тука завршува и нашата посветена нега. Сепак, и после оздравувањето, две недели бидете внимателни. Користете посебна крпа за бришење, мијте ги рацете редовно и извршете дезинфекција на површините што најмногу ги користите.