Каде да одите на одмор според вашиот хороскопски знак?
Овен: Канкун, Мексико
За Овните кои сакаат неверојатна авантура, Канкун е вистинското место. Со многуте екстремни спортови и белите песочни плажи, забавата овде е бескрајна.
Бик: Фиренца, Италија
Културата, уметноста и кујната што ги бара Бикот можат да се најдат во Фиренца. Можете да ги поминете деновите гледајќи ги бутиците, древните уметнички дела, да уживате во неверојатниот пејсаж на реката и да го завршите денот со италијански тестенини и чаша вино.
Близнаци: Сиднеј, Австралија
Австралија ја има разновидноста што му е потребна на Близнаците. Главниот град е полн со енергија и позитивност, плажите се полни со убави луѓе, а кога ќе се заситите од градот, секогаш можете да уживате во неверојатниот див свет на Австралија.
Рак: Корк, Ирска
За Раковите нема ништо поубаво од удобна колиба покрај мирниот брег на Корк. Можете да ги истражувате урнатините на древните замоци, да се качувате по зелените ридови и да го завршите денот во некој паб.
Лав: Санторини, Грција
Лавот не сака ништо помалку од одмор на кој ќе завидуваат сите. Само замислете какви фотографии ќе направите на ова неверојатно место.
Девица: Копенхаген, Данска
Свежата и колоритна убавина на Копенхаген е совршена за Девиците. Градот е конструиран на многу ефикасен и организиран начин, па ова е вистински одмор од соништата за Девиците.
Вага: Париз, Франција
Романтичните Ваги одново и одново ќе се вљубуваат во Париз. Некои ќе сметаат и дека ова е најубавиот град во светот. Во градот кој инспирира безброј поети и режисери можеби ќе ја пронајдете и вашата сродна душа.
Скорпија: Хонолулу, Хаваи
Иако Скорпиите сакаат мистерии, тие сакаат да знаат што ги очекува на одморот. Па некое луксузно одмаралиште во Хонолулу е совршениот избор за вас. Кога ќе бидете подготвени за излегување можете да ја истражите природата.
Стрелец: Мачи Пикчу, Перу
Стрелците се љубители на авантурата и тие не сакаат одмор, тие сакаат вистинско патување. Па, искачувањето до древниот Мачи Пикчу навистина ќе ги исполни. Овде ќе излезете од вашата удобна зона и ќе се чувствувате неверојатно.
Јарец: Лондон, Англија
Јарците ќе бидат инспирирани од историјата на овој град. Овде ќе научите сè за неговото минато и ќе се чувствувате навистина добро додека ја фотографирате Бекингемската палата.
Водолија: Џаипур, Индија
Водолиите сакаат да ги сработуваат нештата на свој начин. Па, посетувањето на град богат со култура е одличен одмор за вас. Архитектурата е неверојатна и ќе се чувствувате како да сте во друга реалност.
Риби: Кјото, Јапонија
Чувствителните Риби ќе се чувствуваат како дома во Кјото. Природата на ова место е навистина уникатна. Помеѓу црешовите дрвја и шумите со бамбус, ќе се чувствувате неверојатно. Овој град како да е направен за оние кои го ценат духовното.
Извор: ekobalans.mk