Кадар на БЕСА од денеска ќе директорува со Клиниката за Токсикологија!
Промени во директорската функција на Токсикологија. Др. Нико Беќаровски кој 18 месеци раководеше со клиниката е заменет со кадар на Беса. Од денеска со Токсикологија ќе директорува Нагип Зумбери. Беќаровски беше вршител на должноста а дека ќе биде сменет го известиле вчера.
Неофицијално, ова е политички договор со партијата Беса. Доктор Беќаровски синоќа преку фб им се заблагодари на сите за досегашната доверба, и секако, имаше бројни коментари зошто разрешуваат директор кој постигнал резултати и е почитуван кај целокупниот персонал.