Јапонски доктор кој живеел 105 години го пронашол рецептот за здравје и долговечност

“Енергијата не доаѓа од квалитетниот сон и здравата исхрана”

Шигеаки Хинохара верувал дека радоста му дава енергија на телото, а не почитувањето на сонот и исхраната.

Овој јапонски лекар живеел 105 години и до самата смрт активно работел, водејќи грижа за своите пациенти. Јапонија на 18-ти јули 2017 го изгубила своето национално богатство. Во текот на својот живот, Хинохара дал непроценлив придонес за развојот на здравствената заштита во земјата како лекар, но и како научник.

Тој бил шеф на пет фондации и претседател на Меѓународната болница во Токио. Јапонецот во својата земја вовел годишно сеопфатни лекарски прегледи, што придонело за зголемување на животниот век кај луѓето.

Веројатно се прашувате како успеал да живее толку долго и притоа да остане во добро здравје? Дали разумно ја комбинирал работата и приватниот живот? Не! Дали доволно спиел? Не!

Хинохара работел 18 часа дневно, седум дена во неделата, а ова се неговите животни правила:

“Енергијата доаѓа кога се чувствувате добро, а не ако јадете или спиете доволно. Не го мачете своето тело со правила како што се паузата за ручек или попладневната дремка. Се сеќавате како сето тоа изгледаше кога бевме деца? Не сакавме ниту да јадеме ниту да спиеме, само сакавме да си играме”, вели лекарот.

Хинохара верувал дека возрасните мора да се однесуваат како деца.

Ако сакате да живеете долго, грижете се за вашата тежина.

“За појадок пијам кафе, чаша млеко и малку сок од портокал со лажичка маслиново масло. За ужина – млеко и малку колачи. Понекогаш воопшто не јадам кога сум зафатен. За ручек јадам овошје, риба и ориз, а два пати неделно јадам по 100 грама немасно месo”, признал лекарот.

“Нема потреба да одите во пензија. Но, доколку морате и чувствувате потреба, тоа нека биде по 65-тата година”.

Хинохара исто така советувал да не се оди на лекарски прегледи за секоја ситница, туку да се спроведе терапија со животни и уметност:

“Кога лекарот ќе ви предложи операција, веднаш прашајте го дали истото би го препорачал на својата сопруга или деца. Спротивно на врежаното мислење, лекарите не можат секого да излечат. Па, зошто непотребна болка и операција? Болката е прилично мистичен феномен, а единствениот начин да се заборави е забавата. Болниците би требало да водат грижа да ја вратат насмевката на лицата на пациентите. Во нашата болница имаме часови музика и терапија со музика и животни”.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.