Јадете ја оваа храна за да го прочистите црниот дроб!

Одвреме навреме добро е да направите детоксикација на црниот дроб, а за таа намена нема ништо подобро од овошјата и зеленчуците кои секојдневно ги консумираме:

Цвекло

Го прочистува црниот дроб, но и сите отрови од телото. Добро би било секој ден да е вклучено цвеклото во вашите оброци.

Брокула

Активните состојки кои ги содржи брокулата, како антиоксидансите и фолната киселина, помагаат во ослободување од отровите и канцерогените материи во телото.

Цитруси

Не претерувајте со изедената количина, но потрудете се во текот на денот да изедете барем две вакви овошки, било свежи или исцедени во сок.

Куркума

Ова чудо од зачин е одлично за подобрување на работата на црниот дроб, бидејќи ги стимулира ензимите и го ослободува ткивото од слободните радикали.

Зелка

Зелката ја има идеалната комбинација на состојки кои ја поттикнуваат работата на ензимите во црниот дроб и целокупно ја подобруваат неговата функција.

Јаболка

Со помош на состојките кои ги содржи јаболкото, особено со пектинот, црниот дроб одлично се справува со токсините кои треба да се елиминираат од телото.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.