Истражување: Зошто делта сојот е позаразен од другите видови

Зошто видот делта е позаразен од сите претходни? Научниците од Калифорнија сметаат дека тоа се должи на мутација на протеин со кој никој досега не се занимавал премногу.

Мутацијата која научниците досега не ја истражувале премногу може да биде клучот за огромната инфективност на вирусот делта.

Досега, фокусот на истражувањето беше протеинот „S“ , бидејќи вакцините го таргетираат, но научниците сега велат дека протеинот „N“ е подеднакво важен. Мутацијата R203M и овозможува на делтата да остави десет пати повеќе генетски код во клетките.

Видот  делта се шири многу побрзо од алфата и претходните и има единствена мутација R203M која му овозможува да внесе до десет пати повеќе од својот генетски код во клетката домаќин. Кога ковидот ќе влезе во телото, тој ги „програмира“ здравите клетки да ослободуваат вирусни честички, кои потоа ги инфицираат другите клетки и на тој начин се размножуваат.

За разлика од протеинот „C“ на површината на вирусот, протеинот „N“ се наоѓа внатре во него. Промените на „S“ му овозможуваат на вирусот полесно да навлезе во клетките, но R203M го менува протеинскиот слој на КОВИД што го обложува геномот и му овозможува полесно да се пренесе во клетката.

Се создаваат повеќе вируси и тие побрзо се размножуваат во телото. Ефикасноста на репликацијата е зголемена.

„Кога вирусот ги инфицира клетките, неговата цел е да стави што повеќе од својот генетски материјал во нив. Дури 99 проценти не се доволни. Замислете дека добивате нацрт на автомобил, но му недостасуваат делови што ќе му овозможат да се движи. R203M го забрзува трансферот на целосниот генетски код и на тој начин го прави процесот поефикасен и побрз“, вели д-р Сајмон Кларк, микробиолог од Универзитетот во Рединг.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.