Истражување покажува колку долго организмот е заштитен по прележан Ковид-19

Без оглед на почетниот пад на нивото на антитела непосредно по инфекцијата, резултатите покажале дека кај поголемиот дел од луѓето антителата се детектирани и по 10 месеци откако биле заразени со Ковид-19.

Колку долго антителата остануваат во организмот по инфекцијата со Ковид-19 е едно од клучните прашања кои се поставуваат од самиот почеток на пандемијата. Новата студија го дава одговорот.

Студија објавена во „Nature Microbiology“ била базирана на испитување на антитела на 38 пациенти и здравствени работници во болницата Сент Томас кои биле заразени во текот на првиот бран на пандемијата на коронавирусот, пред да бидат вакцинирани.

Без оглед на почетниот пад на нивото на антителата непосредно по инфекцијата, резултатите покажале дека кај поголемиот дел од луѓето (18,19 отсто од пациентите) антителата биле детектирани и 10 месеци откако биле заразени.

Истражувачки тим кој го предводела д-р Кејти Дорс од училиштето за имунологија и микробиолошки науки исто така тестирало како антителата создадени за борба против специфичните варијанти на SARS-CoV-2 ќе реагираат на други варијанти.

Се докажало дека антителата генерираат моќен одговор на нивото на инфекцијата од истата варијанта, но биле помалку ефикасни во борбата против другите варијатни на Ковид-19.

Антителата се врзуваат за шилестиот протеин на вирусот, а вакцините го „имитираат“ овој протеин за да создадат имун одговор.

Меѓутоа, мутациите на вирусот (алфа, бета, делта) создале загриженост околу тоа дали вакцините кои се развиени за цел на оригиналната варијанта на коронавирусот ќе бидат ефикасни против новите варијанти и дали вакцините треба да се усовршат.

Овие резултати сугерираат дека постоела разлика во шилестиот протеин кај алфа, бета и делта варијантата на Ковид-19 што значи дека вакцините специјализирани само за една варијанта можат да бидат помалку ефикасни против другите варијанти.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.