Искрена приказна на Сања Маркоска: Ослабев 60 килограми со хроно диета
Скопјанката која си го смени животот
Скопјанката Сања Маркоска, (34) е доказ дека ако се има силна волја, и невозможното во животот станува возможно. Со помош на популарниот хроно режим на исхрана, таа успеа за две години да ослабе дури 60 килограми. Во емотивната приказна, Сања искрено раскажува за својот несреќен живот пред да ја открие хроно диетата, и за клучниот момент кога решила дека е време за нов живот, откако близок пријател ја посрамотил за нејзиниот лош однос кон себе си.
Во првата година, Сања ослабела 55 килограми и пет години во втората година
* Кога за прв пат дознавте за хроно исхраната, и колку време ви требаше да се решите да започнете со овој начин на исхрана?
– За хроно за прв пат дознав пред околу три ипол години. Одјеќи по лекари, мислејќи дека нешто ми се случува, испитувајќи го секој дел од моето тело по 100 пати, пробувајќи да изнајдам причини зошто се доведов во оваа состојба, наидов на пријател кој конечно собра храброст да ме посрамоти за сиот мој однос врз себе, кажувајќи ми дека сум совршено здрава и дека сѐ што треба да направам, е да го почнам хроно режимот. Ми објасни подетално за што станува збор, но иако ја сослушав внимателно и ми се допадна тоа што ми го кажа, јас повторно одбрав да си го терам стариот начин на исхрана, сѐ до еден момент..
* Кој ви беше главниот мотив?
– Всушност, тоа беше и главниот мотив кој беше пресуден да проучам подетално за што точно станува збор во Хроно исхраната. Имено дојдов до ситуација каде што земањето воздух ми стана луксуз, а движењето сметка од милион долари. Да, токму така се чувствував, дека треба да платам милион долари за да можам да изодам километар или два, а бев дете кое има бесценето богатство на штедната книшка од животот што секојдневно го троши газејќи ги улиците.Е тоа беше прескапо дури и за мене и за мојот дух. Наеднаш се почувствував како да немам ниту едно пени во себе, празно и истрошено, без да се препознавам. Траеше неколку дена, си дозволив да ги пројдам сите годишни времиња во себе, се обвинував, се лутев, си штетев и одново истото секој ден. Ги одбивав сите повици од пријателите, не сакав да излегувам зошто секое место на кое требаше да стигнам, ми се чинеше илјадници километри далеку, јас не можев да одам, а бев свесна што пропуштам. Седнав и се изнаплакав, се испцув (не сакате да знаете што се си реков на себе си). Го кренав дебелиот задник за да си ја средам психата, едноставно тоа не бев јас, а си требав, очајно си требав!!!
* Ви беше ли тежок почетокот, и кој најмногу ви помогна ?
– Почнав да проучувам, односно се водев од она што ми го кажа мојата драга пријателка Лидија и си дадов полустарт. Таа ми кажа дека има и група на фејсбук во која би било убаво да членувам, зошто имало совршена поддршка и разбирање таму, а тоа беше токму она што мене ми требаше тој период. Го отворив компјутерот и разлистав, наидов на групата за Хроно исхрана, побарав пријателство, добив одобрување и така започна целата моја хроно приказна. Наидов на куп среќни луѓе!!! Не им беше важно низ што минувале, важно им беше како се чувствуваат во моментот и каде се довеле себеси благодарение на таа исхрана и на таа група. Ги гледав тие луѓе и им се восхитував. Начинот на кој го пренесуваа задоволството од овој благодетски режим беше зачудувачки, како магија опиваше и како магнет привлекуваше. Да, тоа е нешто кое само треба да го почувствувате, нема зборови за него. Но имам зборови за едно, за личноста без која немаше ниту еден од нас да го почувствува она што можеби секогаш го барал. Девојката без која ниту групава ќе постоеше, ниту ние ќе ја имавме поддршката, ниту ќе имавме кој да не насочува, морам да напоменам, бесплатно во овој митаџиски свет, ниту пак ќе бевме едно како што сме, во најсреќната и најхармоничната група на сите социјални мрежи, во која нема препукување, нема негативна енергија, нема зло и расипаност (кога го има, е кратко и веднаш е елиминирано), туку има многу љубов, позитивна енергија и чувство на задоволство и среќа! Секогаш ќе кажувам дека храната ми е завист и дрога, колку ментални склопови и да имам сменето, колку килограми и да имам изгубено. Јас сум јас во себе се уште, да не се лажеме, само имам добра подлога и разбирање, па благословена сум. Ја имам за пријател, еден од најискрените!
Дојдов до ситуација каде што земањето воздух ми стана луксуз, а движењето сметка од милион долари.-Сања пред хроно режимот
* Колку килограми ослабевте, за колку време?
– Така веќе сме на најважното прашање, на кое сум многу горда и со задоволство ќе кажам дека имам изгубено 60 килограми за две години. Првите 55 ги загубив во првата година и 5 во втората. Сите во рестрикција! Да да, сега ме сфаќате што сакам да ви кажам дека без Виолета немаше да сум тука денес. Периодот на стагнација беше излудувачки. Ме мрдна! Хипотетички. Си ги касав влакната од косата некогаш, до толку беше напорно и излудувачки, ама ете, пак сум тука и не мрдам никаде, како што реков, јас не изгубив многу килограми во втората година, ама добив чувство на среќа и задоволство кое ме љубеше овие две години. Денес е уште позајакнат, зошто трпението се исплатеше, а јас не паметам од кога немав видено шестка на вагата пред кецот, седмицата и деветката, сега е шестка ! Ама Вики е менаџира 70000 луѓе, па јас ли сум проблем?
* Кој дел од режимот ви беше најтежок, дали некоја ваша омилена храна ви фалеше?
– Нема тежок дел од режимот. Се јаде убава храна и многу избалансирана. Ако му дадеш правилни насоки на мозокот, не е ништо неиздржливо, особено кога гледате како се множат резултатите и колку ви се радуваат другите на постигантиот успех. Секако има кризни денови за некоја храна, не велам не, еве на пример мене најмногу ми фали помфрит, чипс и мандарини, за другото немам никаков проблем. Ама помфритот го менувам со тиквичка, од неа се занесувам и дека ‘‘чипс‘‘ правам, а мандарината со лимонада, па кога ќе дојде тесно за нешто плус изнаоѓам начини да си угодам или наспроти тоа и тренирам нерви на Виолета. Никакви прекршувања и частенки. Тоа го правев во минатото, знам каде води тоа. Нема назад, зачаран круг од кој не можеш да излезеш, како магнет ти се лепи и не те остава на ‘‘да, денес ќе прекршам со ова и од утре назад‘‘. Не и кај дебелите луѓе, цела психологија сме ние, само да има кој да не‘ изучи. Затоа си седам мадро да не бидам модро. Нормално, како и сите други имам направено отстапки, но отстапки од типот, задоцнето време за оброк од 7 часа, пропуштена вечера или при излегување во кафуле или бар, црвен зеленчук и црвено месо за вечера. Си сакам ребро бе, што. Кога ќе ме прочита Вики, има ребрата да ми ги изброи, хахаха.
Среќата во очите на мајка ми и татко ми, на сите мои блиски е незаменлива. Не паметам од кога им го немам видено тој сјај во очите во однос на мојата дебелина
Целиот текст прочитајте го на zenskimagazin.mk