Ишијасот знае да биде многу болен, бидете внимателни!

Научниците заклучиле дека за ишијас е неопходно мирување од најмалку две недели за да се ублажат симптомите на ишијасот, но се сомневаат во самата делотворност на мирувањето, бидејќи симптомите на ишијасот може да повторно да се јават после првиот физички напор.

Покрај мирувањето, лицето треба да оди на физикални терапии. Исто така, се покажало делотворно користењето на топлите и ладните облози, епидуралните инјекции и вежбањето според препораките на физиотерапевтот.

Кои се ризични фактори и симптоми?

Ризични фактори се дегенеративниот артритис на ‘рбетниот столб, болести на лумбалниот диск, испаѓање на дискот од лежиштето, различни трауми и повреди на ‘рбетниот столб.

Ишијасот предизвикува болка, пецкање и вкочанетост. Овие симптоми се јавуваат на долниот дел од грбот и често се протегаат кон задникот и нозете. Резултат на тоа е болка во подрачјето на задникот, колковите и нозете. Понекогаш болката се шири околу колкот или задникот, предизвикувајќи чувство на болка во целиот долен дел на телото.

Тешките симптоми на ишијасот може да го отежнат одењето, а понекогаш и секое движење. Понекогаш симптомите се влошуваат за време на пешачење или свиткувањето во половината, а се намалуваат во лежечката положба. Болките се присутни во текот на секоја промена на положбата на телото.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.