Претпоставуваме дека и вам овие намирници ви се омилени, меѓутоа ќе треба да ги заборавите доколку сакате да се ослободите од целулитот. И покрај фактот ако имате добри гени и природно имате витка линија, не сте заштитени од целулитот. За да се елиминира целулитот, потребни се строги правила и дисциплини, што подразбира правилна исхрана, редовно вежбање, козметички третмани и вода во големи количини. Сега ќе се фокусираме само на една ставка, а тоа е исхраната.
Конзервирана храна
Готовата храна содржи натриум во изобилство, што доведува до дехидрација на телото, што е вистински „магнет“ за целулитот.
Сланина
Исто така содржи премногу натриум, што предизвикува до задржување на водата во телото.
Пица
Знаеме дека штотоку ве растаживме, но пицата, за жал, може да ја влоши ситуацијата со целулитот поради големата количина на заситени масти.
Сирење
Да, и сирењето! Делува на целулитот исто како и останатите „забранети“ јадења. Обидете се да го избегнувате целосно.