Идеалена комбинација на состојки кои ќе ви помогнат да се спасите од вишокот килограми
Доколку сте на диета и сакате да слабеете, особено во пределот на стомакот, тогаш морате да внимавате што јадете наутро за појадок.
Следната комбинација е идеална доколку сакате што побрзо да се ослободите од вишокот масни наслојки околу стомакот, а во исто време ќе ја подобрите работата на цревата.
Потребни ви се:
300 мл кефир
7 суви сливи
2 лажици овесни снегулки
Една лажичка ленено семе
Една лажичка какао во прав
Подготовка:
Сувите сливи потопете ги во топла вода 10 минути. За тоа време измешајте ги останатите состојки и прелијте ги со кефир. На крај, додадете ги сувите сливи, претходно исецкани на мали парчиња.