Како да се ослободите од гребењето и чешањето на грлото

Гребењето и чешање во грлото може да биде еден од првите симптоми на бактериска или вирусна инфекција, но исто така може да биде симптом на алергија (на полен, одредена храна и лекови). Дехидрирањето, како и рефлуксот на киселина, исто така, можат да предизвикаат чешање во грлото. За да откриете што предизвикува вашиот проблем и да добиете соодветна терапија, треба да се консултирате со вашиот лекар.

Покрај терапијата со рецепти, некои домашни рецепти можат да ви помогнат исто така:

  • Гаргара со млака солена вода два до три пати на ден;
  • Направете пијалок од ѓумбир, лимон и мед – со растворање на лажица мед во чаша врела вода, додавајќи сок од цел лимон и малку свеж рендан ѓумбир или ѓумбир во прав – овој пијалок е најдобро да се пие два до три пати на ден;
  • Билни чаеви од коприва, камилица и рибизла исто така можат да бидат корисни;
  • Можете да си направите и уште еден пијалок за да се ослободите иритацијата на грлото со мешање лажица јаболков оцет со 2 дл врела вода и, по желба, додадете мед.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.