Храна што телото не може да ја свари

10 видови храна што се лепи за црева

Нутриционистите се едногласни дека не смееме да ја јадеме оваа храна ако сакаме да бидеме здрави

1. Овошен јогурт

Јогуртот навистина е добар за нашето тело, но оној обичниот, без шеќери и адитиви. Овошниот јогурт може да биде одличен десерт, но не е неопходен млечен производ. Нутриционистите препорачуваат да одбегнувате млечни производи што содржат скроб. Ако баш обожавате овошен јогурт, направете си го сами. Во обичниот јогурт додајте малку мед и овошје и така ќе знаете дека јадете нешто здраво.

2. Ориз

Нутриционистите велат дека оризот е речиси како леб. Белиот ориз е најмалку корисен. Содржи голема количина едноставни јаглени хидрати кои може да предизвикаат вишок килограми. Добриот ориз е само оној што е висококвалитетен.

3. Магдонос

Верувале или не, магдоносот може да биде токсичен. Готвачите што го додаваат во салати и јадења не знаат дека магдоносот може за 30 минути да се претвори во отров. Магдоносот не би смеело термички да се обработува, бидејќи само свежиот магдонос е здрав. При сервирањето јадења, користете само свеж магдонос.

4. Сосови

Дали некогаш сте го споредиле домашниот доматен сос со кечап? Дали сте ја забележале разликата во вкусовите? Истото важи и за мајонезот и сенфот. Проблемот е во тоа што сите индустриски сосови содржат шеќер. Нутриционистите објаснуваат дека на произведувачите им е поевтино да додадат шеќер за да го збогатат вкусот отколку да додадат уште домати.

Ако обожавате кечап, наша препорака е да сомелете домати, додајте маслиново масло и зачини и уживајте во здравиот сос.

5. Суво овошје и овошен чипс

Овошниот чипс се прави така што се пржи во длабоко масло. Тоа значи дека овој овошен чипс содржи многу калории, кои се лепат за вас. Истото важи и за сувото овошје кое по сушењето ја губи својата хранлива вредност и не е повеќе здраво. Овошјето што природно се суши не може да има светла боја, сјај и мекост. Сето тоа е вештачки предизвикано.

6. Грозје

Можеби звучи бизарно, но грозјето не е баш здраво. Ова овошје содржи толку шеќер што не тера да јадеме што повеќе. Телото прима премногу шеќер, што може негативно да се одрази на луѓето што страдаат од дијабетес. Нутриционистите велат дека не би смееле да го јадеме грозјето во комбинација со масни јадења, риба, свежи краставици, диња, пиво или млеко.

7. Термички лошо обработена риба

Сите знаеме дека рибата е здрава поради нејзините омега 3 масни киселини. Меѓутоа, научниците велат дека пржењето и печењето на рибата е штетно за нејзиниот хемиски состав. Кардиолозите тврдат дека пржените, димените и солените риби се исклучително нездрави и штетни за нашето тело.

8. Пченка

Истражувањата покажале дека модифицираната сорта на пченка негативно влијае на копнените и водените организми. Откриле дури и дека модифицираната пченка содржи отров. Во многу земји, овој тип пченка е забранет. Нутриционистите советуваат никогаш да не користите конзервирана пченка. Нивна препорака е да се одбегнува која било конзервирана храна.

9. Бадемово и кокосово млеко

Ова млеко содржи шеќери и ароматизатори кои му додаваат калории на нашето тело. Најдобро е ваквото млеко да си го направите сами или да го купувате само во органски продавници.

10. Оризови галети

Многумина ги нарекуваат и стиропор поради нивниот сув и блед изглед. Пред неколку години, се препорачуваше овој производ да се користи за време на диетите, односно да се замени лебот со него. Меѓутоа, денес нутриционистите велат дека никако не смееме да го користиме овој производ, бидејќи содржи висок гликемиски индекс. Поради тоа, постојано ќе чувствувате глад и ќе внесувате премногу калории во телото.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.