Грипот “коси” во Америка, досега над 40 починати!

Во американската сојузна држава, Калифорнија, од грип починаа повеќе од 40 лица. Властите стравуваат дека бројот би можело да се зголемува имајќи предвид дека сезоната на грипови својата кулминација ја достигнува во февруари.

Властите во Калифорнија соопштија дека починатите се возрасни лица, постари од 65 години и оти смртта била последица на компликации со органите за дишење.

Грипот којшто владее во САД најчесто е од типот H1N1, пошироко познат како „свински грип“, а најопасен е за возрасните лица, бремените жени и децата.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.