На глобално ниво се користат витамински додатоци во исхраната повеќе од кога и да било. Но, ги има и оние кои сметаат дека со исхраната ги земаат сите витамини кои им се потребни.
Модерниот начин на живеење, а особено строгите диети, ги спречуваат луѓето да ги примаат потребните количини на витамини и минерали. Од друга страна, индустријата која ги произведува додатоците на исхрана, може да ве убеди дека ви требаат дополнителни извори на хранливи состојки.
Збунети сте? Ќе ви објасниме подобро за грешките кои ги правите во врска со земањето витамини:
Земате витамини само кога сте болни
Дури и кога не ја примаат доволната доза на витамини вообичаено, луѓето имаат навика да земаат и повеќе отколку што треба кога се разболуваат. Дневното користење на витамини ќе ви помогне тие разболувања да станат што поретки.
Не земате витамини воопшто
На вашето тело му се потребни сите нутритивни состојки за правилно да функционира. Витаминот А помага во одржување на нервните клетки, витаминот Д ви е потребен за да го процесира калциумот, витаминот Е за да се бори против слободните радикали… Консултирајте се со својот лекар за кои витамини имате потреба да ги земате дополнително.
Мислите дека витамините се дело на фармацевтската индустрија
Со оглед на масовното производство, имате целосно право да го мислите ова. Затоа и треба со резерва да ги прифаќате рекламите и да користите додатоци во исхраната кои се одобрени од фондовите за здравство и лекови во вашата држава.
Не смеете да земате витамини на празен стомак
Ако ви се слошило откако наутро сте испиле суплемент, не сте единствени. На пример, рибиното масло се зема со оброк, витаминот Ц можете да го испиете и на гладен стомак и најадени, додека железото најдобро се апсорбира на празен стомак. Следете ги упатствата кои се дадени на пакувањето.
Мислите дека сите витамини се исти
Ако добро прочитате на самото пакување, ќе забележите разлика во активните состојки на додатоците во исхрана. Исто така, голема улога игра дали витаминот е фармацевтски синтетизиран или е издвоен од некој природен продукт.
Ако јадете овошје и зеленчук, не ви требаат суплементи
Ако сте на некоја диета или специфичен начин на исхрана, со кој се прекинати одредени извори на витамини, морате да ги надополните со додатоци во исхрана. На пример, веганите и вегетаријанците често имаат дефицит од витаминот Б-12, па мораат да го земаат во форма на капсули или таблети.
На сите ни требаат истите витамини
Нема две исти човечки тела, дури ни кај близнаците. На секое тело потребите од одредени видови храна и додатоци во исхраната се различни. Затоа и морате да се консултирате со вашиот матичен лекар пред на своја рака да земете дополнителни витамини.