Грешка, свеж е само на едно место!

Лебот го држите во кутија?

Извештајот на темата истражување на храната и нејзиното складирање кое го спроведоа американските научници покажало дека лебот, без разлика каде и да го чувате, доколку е на собна температура, ќе пропадне најдолго за една недела, а често и пократко.

На сето тоа, имајќи предвид дека спорите на мувлата кои по пат на воздухот патуваат до лебот, имаат долги корени, често им требаат повеќе денови за да се покажат во сино-зелената нијанса според која ги препознаваме. Затоа, препораката на научниците е лебот да го чувате во замрзнувачот или во фрижидерот.

Во овие ситуации шансите мувлата да се појави на лебот се минимални, а векната може да трае и три месеци. Кога ќе се одмрзне, ќе делува посвежо како да е штотуку купена. Ако лебот го јадете и користите, доволно е само да го држите во фрижидерот во ќесе за замрзнувач.

А, ако не сакате да го јадете нередните денови, исечете го на парчиња, ставете го во ќесиња, ослободете го воздухот од ќесињата и замрзенете го.

Кога ќе сакате да го одмрзнете, лебот загрејте го или во микробранова печка на 15-25 секунди или на решетка од рерната на 160 степени околу пет минути.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.