Германскиот онколог Антони Бергам открива како се хранат онколозите за да се заштитат од рак
За да се заштитат од појавата на рак, исхраната на онколозите е многу контролирана. Постојат производи што влијаат врз нашето тело и кои треба почесто да ги јадете за да го сочувате здравјето, но има и такви што се наоѓаат на црна листа.
Добро прочитајте ги и запомнете ги овие совети на онкологот
Германскиот доктор Антони Бергам, кој работи во клиничкиот центар во Хамбург, советува што почесто да јадете храна богата со влакна. Никогаш немојте да јадете црвено месо повеќе од два пати неделно.
Според него, прекумерната консумација на говедско и свинско го зголемува ризикот од рак на дебело црево, а тоа е и научно докажано.
Освен тоа, врската меѓу појавата на рак и консумацијата шеќер е многу тесна. Од напивки, советува консумирање вода и незасладени чаеви. Соковите преполни со шеќер се особено лоши за здравјето.
Последниот оброк го јаде најдоцна до 18 часот, а првиот оброк дури по 10 часот наутро. Омилен чај му е оној од ѓумбир, а исто така, внесува и многу вода.
Јаткастите плодови се наоѓаат на листата на најмоќни производи што го чуваат здравјето. Многу се масни, имаат добар сооднос на омега-3 и омега-6 масни киселини, а исто така се богати со протеини. Морските плодови се дозволени во неограничени количини. Маслото од алги е одлично за спречување воспаленија во телото.
Зачинетата храна е забранета, бидејќи има голем број негативни ефекти на организмот. Доколку сакате зачинета храна, определете се за билки што им даваат специфичен вкус на јадењата.
„Принципот на здрава исхрана е неопходен, особено во ова модерно време, кога заболувањето од рак е многу честа појава. Со своите навики му помагаме на организмот да биде во што подобра форма, но исто така може и целосно да го уништиме. Се’ е до нас“, тврди Антони.
Рафинираните производи, преполни со вештачки ароми добиваат едно големо НЕ од страна на овој онколог.
Секој онколог ќе ви каже дека треба целосно да ги одбегнувате. Доколку имате голема потреба за шеќер, најдобро би било да посегнете по некое овошје“, заклучува докторот.