Германија, Грција и Австрија со нови Ковид протоколи за државјаните на Македонија
Република Македонија не се смета повеќе за Ковид “ризична област” во Сојузна Република Германија. Со најновата одлука на германските власти, им се дозволува неограничен влез во Германија на сите државјани на Македонија. Сепак, сите лица над 12 години, кои пристигнуваат во Германија, без разлика со кој вид транспорт и понатаму ќе треба да приложат потврда за негативен тест или потврда за прележан Ковид-19 или потврда за целосна вакцинација.
Инаку со најновата одлука на Република Грција, сите патници над 5 годишна возраст при влез во Грција, покрај сертификатите за извршена вакцинација или прележана болест, мораат да поседуваат потврда за негативен резултат од ПЦР-тест (не постар од 72 часа) или потврда за негативен резултат од рапид-тест (не постар од 24 часа).
Додека за влез во Република Австрија, сите лица треба да приложат сертификат за целосна вакцинација, или доказ за примена бустер доза на вакцина или доказ за прележана болест (не постари од 6 месеци), заедно со негативен ПЦР тест (не постар од 72 часа). Во овие случаи не се определува мерка карантин.