ФОТО: За три месеци ослабнала 31 килограм

Без гладување и вежбање но и’ „мамење“!

Откако видела фотографии на кои биле четири генерации од нејзиното семејство, Ана Рејес (50), баба на пет внуци, за само три месеци „загубила“ 31,5 килограми, без вежбање, следејќи едноставен план за исхрана.


Пред да ослабне за себе мислела многу лошо, била во депресија и немала самодоверба.
„Немав никаков општествен живот, никаде не излегував, немав облека која ми одговараше, се срамев од својот изглед“ рекла Ана.

Мајката на две деца не само што го трансформирала телото туку и својот живот благодарение на промената која ја направила во системот на исхрана,работа на себе и чиста решителност во животот да промени се’ што не и одговара.

Се’ започнало кога 50. годишната Рејес ја открила „123 диета“, која се базира на здрав план на исхрана. Кога еднаш почнала останала истрајна до крај, без мамење.
„Кога започнав со диетата бев депресивна, а сега се чувствувам фантастично. Како што би рекле моите внуци, имам педесет и сум фантастична“ рекла Ана.
„Многу луѓе веруваат дека да се биде на диета значи некоја храна воопшто да не се јаде, но тое не е случај со диетата на која бев. Во текот на целиот процес се придржував до правилата – за појадок јадев овошје како јаболки и јагоди со кои јадев обичен јогурт. Ручекот се состоеше од салата со протеини и зеленчук, а вечерите се базираат на месо и риба“ објаснила Ана и открила дека ниту еднаш не ја прекршила диетата и не мамела.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.