Српскиот глумец Андрија Милошевиќ се наоѓа во најдобра животна фаза. Го прави тоа што го сака, а линијата ја довел до совршенство. За една година му успеало да ослабне 20. килограми и тоа дури откако сфатил дека диетите не се решение. Имено, Милошевиќ неколку пати се обидувал да ги симне килограмите, со рестриктивни методи, но без долгорочни резултати.
„Престанав да бидам на диети. Се зезнав десетина пати. проблемот е во главата. Се прејадувате бидејќи тоа е наркоманска навика. Морате да се симнете од заситените шеќери, мастите и тоа трае четири до пет месеци. Мора да се случи кликот во главата. Реков:’Од сега до крајот на животот ќе јадам здраво’“, открил глумецот за популарниот портал Yumama.
Денеска јаде секои три до четири часа, а не се ограничува дури ниту кога се во прашање продуктите кои ги сака.
„Не исфрлив ништо што сакам, само што тие продукти повеќе не ги јадам заедно, туку одвоено. Ручам пржени компири, печурки и салата бидејќи тоа го сакам. Боранијата ја запекувам со пармезан и неколку капки маслиново масло. Важен е и јогуртот, а она што на сите им го препорачувам е да ги проверат ензимите во желудникот, односно што сваруваме и исфрлуваме, а што не. Цел живот јадев црвено месо, а потоа со тоа испитување сфатив дека не ми одговара. Сега рибата и зеленчукот ми се основа на исхраната. Секогаш испијте чаша црно вино. Кога сте гладни јадете слободно, но здраво“, е совет на Милошевиќ кого нашата публика најмногу го знае по сериите „Андрија и Анѓелка“ и „Мамини синови“.
Овој вљубеник во патувањата неодамна се вратил од Колумбија, а следен континент на неговата листа со желби е Африка. За време на таквите одмори без грижа на совест се препушта на новите вкусови и во потполност ужива.
„Сега можам да се здебелам четири до пет килограми, што и ми се случува, да кажеме на патувањата. По враќањето само се враќам на својата вообичаена, здрава, исхрана“, појаснува и им порачува на другите да уживаат бидејќи животот е само еден.
„На луѓето им советувам секои четири до пет месеци да вадат крв. Одете почесто на лекар, еднаш годишно направете ги сите испитувања бидејќи денес лесно се умира. Којзнае што јадеме, воздухот е таков каков што е, за жал не живееме во скандинавските земји и треба да се чуваме колку е можно повеќе“, заклучил Милошевиќ.